недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Не се предвидува значително зголемување на цената на електричната енергија

    Не се предвидува од 1 јануари идната година да има значително зголемување на цената на електричната енергија, особено не за домаќинствата и за малите потрошувачи, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    – Се прават калкулациите за цената на електричната енергија од 1 јануари. Убеден сум дека ќе има намалување за малите потрошувачи и можам да кажам дека тоа е веќе одлучено. Во делот на домаќинствата ќе провериме со блок тарифите во кој од блок тарифите има поголема потреба да се интервенира од страна на Владата – дали тоа ќе биде втората блок тарифа или третата. За четвртата блок тарифа уште од сега можам да кажам дека ќе бидам за дополнително да се зголеми цената со цел тие што  имаат најголема потреба од пониски цени да бидат покриени од тие што нерационално трошат, а со тоа и можат да го сносат тој товар, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

    Потенцира дека веќе се дизајнирани сите мерки што ќе почнат да се спроведуваат од 1 јануари идната година, кои, како што кажа, главно се насочени кон дополнителна поддршка кон граѓаните и кон компаниите кои се на регулиран пазар како мали потрошувачи

    НАЈНОВИ ВЕСТИ