петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши на Преспа форумот: Засилено работиме на гасно поврзување со регионот

    Како држава работиме засилено на замена на старите енергетски капацитети со обновливи извори на енергија, како што се фотоволтаични централи, вели министерот за економија

     

    Зелената агенда за Западен Балкан произлезе од потребата да се одговори на
    предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочува регионот и да
    се усогласат нашите политики со приоритетите на Европската Унија, дефинирани
    преку Европскиот зелен договор. Во оваа насока Северна Македонија веќе
    направи законски измени и засилено работи на зелена енергетска
    трансформација преку реализација на инвестиции во зголемување на домашните
    капацитети за производство на енергија од обновливи извори, рече министерот за
    економија Крешник Бектеши во своето обраќање на панелот „Зелена агенда за Западен Балкан: рамка за имплементација за одржлив и климатски неутрален регион“ на Преспа форум дијалогот во Охрид.
    „Како држава работиме засилено на замена на старите енергетски капацитети со
    обновливи извори на енергија како што се фотоволтаични централи. Работиме
    засилено на изградба на инфраструктора за гасно поврзување со регионот, но и
    за обезбедување на гас за сите дoмаќинства. Економиите во регионот се обврзаа
    да ги усогласат своите среднорочни планови за намалување на емисиите со
    амбициите на ЕУ за намалување на емисиите на CO2. Земјите од регионот мора
    да ги решат предизвиците што произлегуваат од постепеното исклучување на
    јагленот, како што се невработеноста, економските нарушувања и миграцијата на
    работната сила“.
    Бектеши потенцира дека потребата од зелена трансформација не е само економско прашање.
    „Подобрувањето на енергетскиот интензитет е главна можност за раст за целиот
    регион, што може да ги поттикне инвестициските циклуси во обновливи извори на
    енергија, одржлива мобилност, модернизација на индустријата, реновирање на
    згради во масовен обем и подобрување на квалитетот и одржливоста на
    земјоделството и храната. Забрзаната транзиција на клучните сектори кои
    најмногу придонесуваат за емисиите на стакленички гасови е вистинскиот пат
    напред“, рече министерот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ