недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Маржата за трговија со струја ограничена на 10 проценти

    Државата ја ограничи маржата на трговците со струја на 10 отсто. А од 50 на 20 проценти се намалува и маржата за електирчната енергија која се испорачува од краен снабдува односно ЕВН Снабдување, како нова мерка за полесно справување со енергетската криза.

    Министерот за економија Крешник Брктеши појасни дека ваквата одлука следи откако е утврдено дека одредени компании и јавни институции, средни и основни училишта немаат склучено никаков договор за снабдување со електрична енергија и купуваат електрична енергија од снабдувач во краен случај.

    Како што истакна министерот, ЕВН непотребно прават трошоци и штета на сметка на буџетот на институциите со кои раководат и плаќаат многу поскапа цена на електрична енергија која се премсетува според Регионалната унгарската берза ХУПЕКС.

    -За жал овие субјекти непотребно го трошат буџетот било тоа да се на локалната самоуправа или на одредена општина каде што се тие основни и средни училишта или пак на централно ниво, бидејќи тие средства може да се користат за инвестици за подобрување на условите, а тие од јануари се до денеска не ги имаат склучено договорите и плаќаат околу 50 отсто поскапа електрична енергија од тоа што е на берзите. Затоа ние како Влада одлучивме да донесеме вакви измени, а дополнително ќе побараме извештаи кон почетокот на октомври за тоа колку се штеди електрична енегија и од овие институции и тоа дали ги склучиле соодветно договорите, се со цел да придонесат во ублажување на енергетската криза, а дополнително да не го трошат неодговорно буџетот на граѓаните, изјави Бектеши.

    Согласно одлуката од Влада новата маржа треба да започне да се применува пред отпочнување на грејната сезона и да важи до 15 април 2023 година.

    Министерот информира дека дополнително е донесена и препорака која веќе се применува од регулаторната комисија за енергетика и со која се намалува маржата која што ја пресметува крајниот снабдувач за субјектите кои немаат склучено договор со снабдувач.

    -Регулаторната комисија за енергетика направи измена на Правилникот за снабдување со електрична енергија во краен случај каде што е намалена маржата која ја пресметува крајниот снабдувач од 50 проценти на 20 проценти, истакна Бектеши.

    Но, сепак е неизвесно дали со ограничувањето на профитот на трговците ќе паднат и сметките за струја на  компаниите кои се на слободниот пазар, но и тие кои се снабдуваат од крајниот снабдувач. За енергетските експерти одлуките да се ограничат маржите се добри за овие кризни времиња кога цената на струјата на берзите руши рекорди. Но, според нив главен фактор кој влијае на смтеките за струја на компаните е цената на берзите, а не маржите на трговците.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ