петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: „Макпетрол” беа известени за преговорите на државата со Булгартрансгаз, ова е неодговорно однесување

    Компанијата „Макпетрол“ беше известена за преговорите кои ги водеше државата преку ГА-МА со Булгартрансгаз. Ме зачудува фактот што вчера одржале состаноци со надлежните институции, ги разговарале сите услови кои се предвидени за договорот меѓу „ГА-МА” АД и „Булгартрансгас”, немале никакви забелешки, односно тие што ги имале ги изјасниле и денеска наеднаш излегуваат со соопштение дека нема да увезуваат, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

    Тој, во вечерачното гостување во Дневникот на ТВ Сител оцени дека станува збор за неодговорно однесување од страна на компанијата, како и дека чекорите на државата се во насока на избегнување на ситуација на целосна зависност од Руската федерација.

    – Ние се залагаме да се либерализираме и сите консултации се завршени и таа обврска што сме ја земале како држава према енергетската заедница, преку регулативите на Европската унија ние веќе ги спроведуваме. Ако ние не донесевме ваква одлука можеме да се доведеме во ситуација за да бидеме целосно зависни од Руската федерација и што ќе се случеше ако преку ноќ имаше забрана за снабдување со природен гас на нашата држава – рече Бектеши.

    -Макпетрол веќе 21 година го има монополот за снабдување со гас во државата, но заврши времето на монополи, ние се заглагаме за либерализација на пазарот, вклучително и пазарот на природен гас како што правиме во другите сектори- кажа Бектеши.

    За министерот загрижувачки било тоа што „Макпетрол” како компанија не покажала општествена неодговорност и информира дека во таа насока било разговарано за носење на закон кој ќе го регулира однесувањето стратешките компании во време на криза.

    – Според мене ова е неодговорно однесување  од страна на компанија каква што е Макпетрол и за жал можно е и да има и надворешни сили кои влијаат врз ваквите одлуки, но ние сме демократска држава имаме закони ќе постапиме согласно законите, вклучувајќи го тука и Макпетрол. Ме загрижува фактот што една од најголемите компании не покажа ни мала општествена одговорност за сите овие децении, за сè тоа што го направиле е од овие граѓани– рече Бектеши.

    Обвини дека Макпетрол и во минатото покажала неодговорно однесување.

    – Таа е една од најголемите компании не е првпат што прави вакви работи граѓаните се сеќаваат од времето кога ги затворија бензиските пумпи и не точеа дизел заради тоа што требаше да чекаат само еден ден за Регулаторната комисија за енергетика да носи нова одлука за зголемување -, појасни тој.

    Соопшти дека денеска било разговарано и најверојатно ќе бидат најдени други опции затоа што имало простор до 1 Јануари следната година, за што Министерството дополнително ќе инфомирало најдоцна до вторник. се со цел да се стабилизира пазарот со снабдување на гас.

    Во однос на заинтересираните компании кои во иднина би го вршеле снабдувањето на пазарот рече дека има понуди до ЕСМ, но не откри од каде доаѓаат.

    Во однос на претходните понуди доставени од претстедателот  на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека се неприфатливи затоа што доаѓаат од Руската федерација.

    „Макпетрол” претходно соопшти дека од 1 јануари нема да увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ