вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Ќе се либерализира и пазарот во делот на природниот гас

    На денешната седница на Владата ќе се донесат одлуки со кои ќе се либерлизира пазарот и во делот на природниот гас, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    -Денеска се носат соодветни одлуки,  ќе има седница на Влада во 14.00 часот, ќе се ослободат одредени капацитети, што значи ќе се либерализира пазарот на природен гас- објави Бектеши.

    Тоа значи дека нема само „Макпетрол“ да ги снабдува потрошувачите со природен гас на основа на долгогодишниот договор со „Гаспром“. Преку гасоводот кај Деве Баир со кој Македонија е поврзана со Бугарија ќе може да се увезува овој енергенс од други компании.

    -Колку што сум информиран,  ЕСМ достави писмо до Макпетрол и до другите компании кои покажале интерес да го снабдат ЕСМ и топланите со природен гас до утре, најкасно до петок да достават понуди за ноември, а доколку имаат количинии до крајот на грејната сезона. Моментално само Макпетрол има лиценца за снабдување со природен гас во нашата држава, но денеска на седница на Владата ќе се носат соодветни одлуки и ќе се ослободат одредени капацитети што ќе можат да се користат од сите трговци што значи дека ќе се либерализира пазарот и во делот на природниот гас, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

    За антикризните мери за стопанството рече дека навремено се направени соодветните анализи од сите институции.

    -Наместо да купувавме природен гас во претходните месеци со цени од 3500 евра сега денешната цена е околу 1100 што е тројно помалку. Тоа покажува дека институциите работат согласно точни информации и целосно сме усогласени со тоа што треба да се донесе во Европската комисија, рече Бектеши.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ