среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    БЕГ – Производство: Немаме обврска да продолжиме со дејноста во новата грејна сезона

    „Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) – Производство смета дека нема ниту правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона.

    „ БЕГ – Производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите.БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. На 20.06.2022 година РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство.Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ сакаме да ја информираме јавноста дека овој договор беше со важност до 31.03.2022 год., односно истиот е истечен“, соопштија од БЕГ.

    Тие, исто така, сметаат дека немаат доволно финансии да набават гориво за производство на топлинска енергија.

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи викендот изјави дека се додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија. Согласно законот, како што посочи Битиќи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.

    РКЕ: Обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на нов вршител на дејноста

    Вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија, велат од РКЕ.

    Ве информираме дека Законот за енергетика , кој доби и зелено светло од Енергетска заедница во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата по однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека се до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца (во случајов нов вршител на јавна дејност), велат од РКЕ.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ