четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    БЕГ од октомври нема да го топли Скопје

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на на трите лиценци кои ги има Балкан енерџи груп (БЕГ) односно за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија информира денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

    -Мое мислење и препорака до Владата е конечно во овој сектор да се укинат трите дејности производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, како што е насекаде во регионот. Треба да има една лиценца за топлинска енергија како во поголемите градови во соседството. Сметам дека Владата или други јавни претпријатија треба да го преземат вршењето на оваа дејност, рече Бислимоски.

    Бислимовски појасни дека во моментот кога ќе бидат одземени лиценците, согласно законот за енергетика Владата е должна да распише тендер со којшто ќе треба да се најадат нови вршители на енергетската дејност. Уверуваше дека скопјани нема да останат без греење, а државата нема да плаќа пенали кон БЕГ .

    „Откога ке се распише тој тендер, ќе се избере нов вршител на енергетска дејност и тој нов вршител на енергетска дејност ќе продолжи да ја врши дејноста како што ја вршел и претходниот“, појасни Бислимовски и препорача Владата или други јавни претпријатија да си го преземат вршењето на оваа дејност.

    Тој верува оти од октомври оваа компанија повеќе нема да ги топли скопјани.

    -До наименувањето на новиот вршител на енергетска дејност, постојните компании на БЕГ се обврзани да ја вршат дејноста. Сигурен сум дека се ќе заврши пред почетокот на грејната сезона. Не можам да кажам колку ќе трае тендерот, но верувам дека од октомври БЕГ нема повеќе да ги грее скопјани, потенцира Бислимоски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ