четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Банките ќе штедат струја

    Македонската банкарска асоцијација го координираше своето членство и едногласно ја поддржа иницијативата според која сите експозитури и централни објекти на членките ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена

     

    Сите експозитури и централни објекти на  банките кои се членки на Македонската банкарска асоцијација (МБА) ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена, откако вчера Владата прогласи кризна состојба во енергетската сектор.

    Како што велат од МБА, со овој чекор, банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории туку и во домовите.

    Со колективни едукативни акции од ваков вид, како што велат од МБА, можеме долгорочно позитивно да влијаеме врз предизвиците со кои се соочуваме глобално, како што се заштитата на животната средина и намалување на ефектите од климатските промени.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ