четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Азербеџанскиот гас стигна до Грција и Бугарија

    Трансјадранскиот гасовод (ТАП), кој има капацитет од 10 милијарди кубни метри годишно, после почетокот на комерцијалното работење во ноември 2020, го испорача првиот азербејџански гас до Бугарија и Грција, соопшти операторот на гасоводот ТАП АГ на 31 декември 2020 година.

    Првиот гас стигна до Грција и Бугарија преку точката за интерконекција Неа Месимврија со ДЕСФА (оператор на системот за пренос на природен гас од Грција), како и до Италија, преку точката за интерконекција Мелендуњо со SNAM Rete Gas (СРГ) “.

    Марија Савова, раководителот на комерција на ТАП, изјави “ТАП сега со нетрпение очекува да ја започне втората фаза на идното проширување на гасоводот, двојното зголемување на капацитетот на гасоводот на 20 милијарди кубни метри годишно“.

    ТАП пренесува природен гас од гигантското поле Шах Дениз од азербејџанскиот дел на Каспиското Море кон Европа. Гасоводот кој е долг 878 километри се поврзува со Трансанадолискиот гасовод (ТАНАП) на турско-грчката граница, ги преминува Грција и Албанија и Јадранското Море, пред да излезе на брегот во Јужна Италија. ТАП ќе го олесни снабдувањето со гас до земјите од Југоисточна Европа преку потенцијални интерконектори.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ