петок, декември 3, 2021
spot_img
Повеќе

    Армијата во Британија во состојба на готовност поради кризата со горива

    Предупредувањето за недостаток на гориво предизвика формирање колони автомобили на бензинските пумпи

     

    Владата на Велика Британија соопшти дека ја става армијата во состојба на подготвеност, како дел од мерките за решавање на кризата во синџирот на снабдување, што доведе до недостаток на гориво на бензинските пумпи.

    Предупредувањето за недостаток на гориво предизвика формирање колони автомобили на бензинските пумпи, што доведе до фактот дека многу бензински пумпи останаа без гориво.

    Ангажманот на армијата следеше поради недоволниот број возачи на камиони.

    Се наведува дека одреден број војници ќе бидат ставени во состојба на готовност со цел да се распоредат за снабдување на гориво на пумпите доколку има потреба за тоа.

    Возачите на воени цистерни ќе поминат специјализирана обука пред да бидат ангажирани.

    Поради големата побарувачка за гориво, 50 до 90 отсто од бензинските пумпи во некои делови на Британија останале без гориво.

    Британскиот министер за транспорт Грант Шапс изјави дека намалувањето на побарувачката за гориво е веќе видливо, бидејќи граѓаните го прифатија апелот да не купуваат повеќе отколку што им е потребно.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја