вторник, април 16, 2024
spot_img
Повеќе

    Анѓушев избран за претседател на Македонската енергетска асоцијација

    На денешната седница на МАЕ, постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора, се дискутирало и за енергетската состојба во државата и за начинот за нејзино надминување

     

    Редовниот професор на Машинскиот факултет, Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер за економија, е избран денеска за претседател на  Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на седница одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија.

    „МЕА е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат цел зголемување на енергетската ефикасност и за користење обновливи извори на енергија. МЕА соработува со невладини организации од областа на енергетиката, со научни институции, со факултети и со МАНУ, сѐ со цел унапредување на енергетската област во земјата“, соопшти Стопанската комора.

    На седницата, која се одржа денеска во Комората, се дискутирало и за енергетската состојба во државата и за начинот за нејзино надминување. На седницата присуствувале клучните чинители во енергетската сфера во земјава, кои се осврнале на моменталната енергетска состојба и изнеле ставови и проекции за натамошниот развој на состојбите.

    Анѓушев, како што се наведува во соопштението, континуирано и јавно укажува дека Северна Македонија, за да се справи со недостигот на енергенси од сопствено производство (за  што има капацитет), треба да ја следи Енергетската стратегија (како државен документ), со среднорочниот и со долгорочниот план предвидени во неа.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ