Во текот на вчерашниот ден се произведени вкупно 15.554 мегават часови електрична енергија од кои 11 798 се од термоелектраните, додека 3.756 од обновливи извори на енергија. Ова производство е за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за дополнителните снабдувања за училиштата, прехранбената индустрија и виталните државни субјекти, соопшти денеска Виктор Андонов, соработник за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата.
-Ги повикувам сите заинтерсирани компании кои можат да ги обезбедат потребните количини, во текот на наредните два дена да се пријават на повикот. Во интерес на граѓаните е да има повеќе понуди за да се изберат најповoлните услови, рече Андонов на прес-конференција во Владата.
Советникот апелираше и сите што ги исполнуваат условите од јавниот повик за субвенции на сметките за струја на најранливите категории граѓани, да аплицираат и да ги остварат своите права.