четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    Андонов: 90 проценти од вкупните потреби на струја во февруари се од домашни капацитети

    Во февруари од вкупните домашни потреби од електрична енергија 90,2 проценти се обезбедени од домашните производни капацитети, додека останатите девет проценти се од увоз, информираше денеска на прес-конференција соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов.

    Ова, посочи Андонов, не се случило во последните 15 години и тоа во змиските месеци.

    – Затоа и пристигнуваат позитивните оцени, затоа што успеавме да ги амортизираме сите потенцијални ризици и шокови што ги наметна кризата со навремени мерки и исправни политики, изјави Андонов.

    Потврда за енергетските политики што ги спроведува Владата, според Андонов, стигнала и од заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница во своето обраќање пред собраниската Комисија за економски прашања.

    – Пред пратениците тој потенцираше дека Северна Македонија има доста успешно ниво на имплементација на законодавството во енергетиката и кажа дека мерките што ги презема владата во целост се добри и неопходни мерки, како и тоа дека Северна Македонија не е единствена што реагираше со субвенции и државна помош, изјави Андонов.

    Поддршката од енергетската заедница, нагласи Андонов, е многу значајна и интенција на Владата е да ги разгледа сите препораки, многу сериозно и во иднина да ја продолжи одличната соработка.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ