Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер во своето обраќање на Македонскиот енергетски форум посочи дека земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.
„Со интерконекторот Северна Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.
Американската амбасадорка, додаде дека се неопходни нови инвестиции и проекти за градење одржлива енергетска состојба.
„Северна Македонија во голема мера закрепна од неодржливото енергетско опкружување од минатиот период, меѓутоа претстојат вистински предизвици. Безбедна енергетска иднина носи потреба за дополнителни енергетски иновации и напредок на бројни проекти, вклучувајќи и завршување на грчко-македонскиот гасовод“, рече Агелер.