петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    АД ЕСМ не достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач на струја „ЕВН Хоум“

    АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум затоа што одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период.

    – Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022г. се однесуваат на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период. Од тие причини, АД ЕСМ денеска не поднесе понуда, стои во соопштението од АД ЕСМ.

    Оттаму посочуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач кој треба да биде за периодот јануари-јуни 2022 година.

    Како дошло до ова несогласување објаснување нема. Неофицијално проблемот е и што ЕСМ нема обезедено доволно струја со која би асе покртиле 100 отсто од потребите на граѓаните и малите потрошувачи за сите 12 месеци.

    Според информациите на “ТЕЛМА”, следниот тендер ќе се одржи на 14 декември и ќе се однесува за период од шест месеци.

    Вчера, министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека цената на струјата во следните шест месеци од 2022 година нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.

    „Согласно сите проекции, зголемување над 10 отсто нема да има, се отфрлаат сите анализи, сите видувања и од експерти во областа на енергетиката и од политички партии, дека зголемувањето ќе биде 30, 40 па и 50 проценти. Да, вистина дека енергетските компании побараа поголемо покачување, може и 100 отсто. Но, ние како одговорна влада, како економски тим, најдовме начин да им излеземе во пресрет на граѓаните и цената нема да се зголемува над 10 отсто“ изјави Бектеши.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ