среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    АЦЕР: Северна Македонија стопроцентно зависна од рускиот гас

    С Македонија наскоро планира да изгради интерконектор за гас со Грција, проект со стратешко значење за земјата, што ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе овозможи диверзификација на гасното снабдување, наведуваат од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ

     

    Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји, покажуваат податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската Унија (АЦЕР).

    Земјава, според податоците на АЦЕР, е стопроцентно зависна од рускиот гас. Од земјите во регионот зависноста на Србија од рускиот гас е 89 отсто, на Бугарија 77 отсто, Словенија 51 отсто…

    Најзависна од  рускиот гас од западноевропските земји е Финска со 94 отсто, а најмалку зависна Франција со 24 отсто

    “Поврзувањето со рускиот гас во Северна Македонија е преку Бугарија. Северна Македонија планира наскоро да изгради интерконектор за гас со Грција, проект со стратешко значење за земјата што ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе овозможи диверзификација на гасното снабдување“, наведуваат од АЦЕР

    НАЈНОВИ ВЕСТИ