четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Скопјани добија дополнителен рок за пријавување за субвенции за инвертер клими

    По разгледувањето на пристигнатите 4.282 барања за субвенции е утврдено  дека не се исцрпени сите средства. Затоа, градот Скопје  апелираат до граѓаните да се пријават за субвенции и на тој начин да придонесат за почист воздух

     

    Продолжен е рокот на јавниот повик за субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, за што граѓаните ќе може да аплицираат и онлајн. Од град Скопје соопштија дека рокот се продолжува затоа штоне се исцрпени предвидените средства за оваа намена.

    Градот Скопје, како што се соопштува, ги обработил пристигнатите 4.282 барања за субвенции и утврдил дека не се исцрпени сите средства. Затоа, градските власти апелираат до скопјани да се пријават за субвенции и на тој начин да придонесат за почист воздух во главниот град.

    Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари до денот на исцрпување на средствата. Во буџетот на град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 400 денари, обезбедни од Владата. Со овие средства се очекува замена на околу 5.300 печки со инвертери.

    На овој јавен повик, поради состојбата со коронавирусот, онлајн можеа да аплицираат сите жители (домаќинства) на територија на град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство  и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење. Формуларите за електронското пријавување може да се најдат на интернет-страницата на град Скопје.

    Новина годинава е што граѓаните за да добијат субвенции за инвертери, ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, мазут или нафта. Досега се предадени над 1.000 печки на пунктовите во Сарај, Шуто Оризари и во пункт на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош.

    Средствата што ќе ги субвенционира градот  се до 62 000 денари во нето износ,

    Во наредните две години, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, за да се види дали навистина ги користат инвертерите. Во спротивно ќе се покренува постапка за враќање на парите.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ