петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Полска го казни Гаспром со 6,45 милијарди евра поради Северен тек 2

    Полскиот антимонополски регулатор (UOKiK) денеска соопшти дека го казнил „Гаспром“ со над 29 милијарди злоти (6,45 милијарди евра) за изградба на гасоводот „Северен тек 2“ (НС2) без нивно одобрување, на што реагираше рускиот гасен гигант најавувајќи дека ќе поднесе жалба до судот.

    Надзорниот орган на полската Комисија за заштита на конкуренцијата информира и дека изрекол казна од 234 милиони злоти (52 милиони евра) за уште пет други компании вклучени во финансирање на гасоводот вреден 11 милијарди американски долари, што ќе го удвои извозниот капацитет на рускиот гас преку Балтичко Море.

    Гаспром“ ја предводи изградбата на Северен тек 2, а половина од средствата се обезбедени од германскиот Унипер и единицата Винтерсел на БАСФ, англо-холандската компанија Шел, австриската ОМВ и француски Анжи.

    Полска смета дека Северен тек 2 претставува закана за европската енергетска безбедност, велејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Стариот континент од руската енергија, а САД се против изградбата на гасоводот, и веќе воведоа санкции за компаниите што работат на поставување цевки за овој проект.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ