петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Заев: Предлогот за намалување на ДДВ кај струјата вреден за разгледување од Владата

    Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев смета дека е вредно да се разгледа варијантата за намалување на данокот на додадена вредност кај електричната енергија од 18 на пет проценти, но посочува дека треба да се  направат калкулации и премсетки што тоа ќе значи за економската стабилност, финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство.

    -Се што е добро за граѓаните  од старт ми е веднаш прифаталиво, но претседател сум на Влада и мора да пресметаме да знаеме што тоа значи секако за стабилноста економска на државата,  финансиските ресурси на државата и  изворите на помагање  на  македонското стопанство, изјави Заев денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

    Потенцира дека ќе ја разгледаат таа можност и ќе ги направат калкулации и пресметки, наведувајќи дека и порано претседателот на Регулаторна комисија за енергетика имал  јавна порака да се разгледаат овие варијанти.

    -Секако е вредно за разгледување, но ние мораме да водиме грижа каков тоа импакт ќе има на севкупното обезбедување  на  доволни ресурси  да  помагаме и со петти пакет и со шести пакет понатаму на нашата македонска економија.  Но секоја идеја, секоја препорака  е вредна за  внимание посебно кога доаѓа од европски институции како што е Европската енергетска заедница  и верувам дека нашите стручни служби во  Владата пред се економските  министри  ќе ја разгледаат оваа работа и ќе оформиме заеднички  став како Влада, посочи премиерот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ