четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Нашата цел е до 2024 над 50 проценти од вкупната инсталирана електрична моќност да доаѓа од обновливи извори на енергија

    Министерот за економија Крешник Бектеши посочи денеска дека во  наредните четири години со уште позасилено темпо ќе продолжи трансформацијата на енергетскиот сектор со цел да се спроведе амбициозниот план до 2024 година над 50 отсто од вкупната инсталирана електрична моќност во државата да биде од обновливи извори на енергија.

    Меѓу проектите од енергетиката што ги спомена се и трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во постојка што ќе користи природен гас, инсталација на ветерни електрани со моќност од дополнителни 160 мегавати, зголемување на капацитетите за фотоволтаични електрани и др.

    Во претходниот мандат, потсети, започнавме со реализација на инвестиции во фотоволтаични електрани.

    -Нашата цел е во наредните четири години да продолжиме во оваа насока со зголемување на капцитетот за дополнителни 400 мегавати фотоволтаични електрани во домашниот електроенергетски систем, со што ќе се произведе чиста електрична енергија на ниво од околу 560 гигават часови или околу 10 отсто од вкупното домашно производство. Ќе инсталираме и ветерни електрани со моќност од дополнителни 160 мегавати, истакна Бектеши.

    Најави дека пролетва ќе биде објавен нов оглас за изградба на фотоволтаични електрани на приватно земјиште.

    Посочи дека во изминатиот мандат беа направени клучни реформи во енергетскиот сектор, беше донесен нов Закон за енергетика со кој се направи трансформација на енергетскиот сектор согласно европските регулативи, како и Закон за енергетска ефикасност со кој се поттикнува заштедата на електрична енергија и користење на обновливите извори на енергија. Воедно беше донесена и Стратегијата за енергетика до 2040 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ