четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимовски: Помош за заштита од енергетска сиромаштија само за социјалните случаи и погодените од ковид кризата

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) бара можности во следниот период ранливите категории на граѓани да користат дополнителна парична помош за заштита од енергетска сиромаштија. Регулаторот веќе имал неколку средби со синдикатот и со невладини организации  со цел да изнајдат решенија на долг рок.

    „Треба да се зголеми бројот на ранливи категории на потрошувачи кои треба да добиваат соодветна помош за социјална заштита од енергетска сиромаштија и сите тие потрошувачи да бидат најдени. Вообичаено тоа се примателите на социјална помош, но и сите граѓани кои имаат економски  проблеми  од моменталната ковид криза“, рече Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

    Според него, намалување на ДДВ не е опција бидејќи, како што рече, на тој начин  би добиле сите категории потрошувачи, а не само ранливите категории потрошувачи.

    -На тој начин би добиле и богатите кои реално немаат никакви проблеми за плаќање на сметките за електрична енергија. Имаме протести на кои се присутни и граѓани кои имаат екстремно скапи автомобили и сметам дека овие категории не би требало да добијат никакви поволности, рече Бислимоски.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ