среда, декември 7, 2022
spot_img
Повеќе

    Драстичен скок на цената на горивата од полноќ

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) попладнево донесе одлука за значително поскапување на цената на горивата.

    Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за девет денари по литар, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 104,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 106,50 ден/лит.

    Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 9.00 денари и еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 95.00 денари. Цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за осум и пол денари за литар и ќе изнесува 93 денари.

    Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

    Драстичното поскапување доаѓа откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема  да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од  светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја