четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Мицкоски за цената на струјата: Ќе поскапи за повеќе од 10 отсто

    Од 1 јули граѓаните ќе плаќаат поскапа струја за повеќе од 10 отсто, покрај досегашните 30 отсто, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција прес партиското седиште. Како некои од причините за тоа ги наведе тоа што багерите на РЕК „Битола“ не ископуваат јаглен поради поплава, цената на уличното осветлување и помалото производство на електрична енергија.

    „Главната и суштинска работа зашто го споменувам уличното осветлување е вчера лиферуваниот податок дека општините преку уличното осветлување потрошиле 30 милиони денари“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа е 1,32 проценти од вкупно потрошената струја за 2021 година.

    Сметките за струја би се зголемиле за најмалку 10 проценти од следниот месец поради малверзациите коишто ги правеле дел од општините

     

    Математички, според Мицкоски, е невозможно струјата да поскапи 10 проценти ако само уделот на јавното осветлување е десетократно помал.

     

     

    „Од Извештајот на Регулаторната комисија за 2021 година можете да забележите дека лани  се произведени, од страна на ЕЛЕМ, 3,17 тераватчасови електрична енергија, а само две две години претходно, во 2019 година, 4,25 тераватчасови електрична енергија. Што значи дека ЕЛЕМ, наместо да произведува,  на тие што го водат приоритет им се договори во четири очи“, рече Мицкоски.

    Разликата во пари во производството на струја, според него, изнесува 250 милиони евра.

    Решението на ВМРО-ДПМНЕ за проблемот со зголемување на сметките за електричната енергија е земјата да се врати на производството на струја како од 2019 година.

    „Да се вратиме најмалку на производството од 2019 година и тоа ќе го направиме за шест месеци. Ова денеска што се случува е минус 250 милиони евра“, вели Мицковски.

    Реагираа од ЕСМ, оценувајќи дека „незнааењето или злонамерноста на Мицкоски се недозволиви во овие размери“.

    „АД ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниеден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили и со голема поддршка од Владата. Го потсетуваме Мицкоски дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните, односно за домаќинствата, а не за општините. АД ЕСМ е заштитник на цената на електричната енергија и гарант за спречување ценовен шок за граѓаните. АД ЕСМ испорачува енергија кон ЕВН Хоум по регулирана цена се со цел високите пазарни цени на берзите да не ги погодат граѓаните“, велат од компанијата.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ