недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Поплава во рудникот „Суводол“, ископот на јаглен за РЕК продолжува во отежнати услови

    Поплави и големи сливови вода предизвика силното невреме во рудникот Суводол, од каде што се носат најголемите количини јаглен за РЕК „Битола“.

    Невремето кое вчера ја зафати територијата околу рудникот предизвика големи дотоци во откопното поле и на позициите каде се лоцирани големите багери и системи за транспортирање на јагленот. Поради тоа, во текот на денешниот дена, ископот на јаглен се одвивал во отежнати услови.

    Од РЕК „Битола“ информираа дека се работи во тешки услови и дека вработените уште од вчера се распределени на вонредни задачи во очекување на невремето и врнежите. Но, како што се тврди, ископувањето на јаловината и јагленот  продолжува, иако отежнато.

    Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, оценија дека поплавувањето во рудникот „Суводол“ е резултат на неискуство,  нестручност и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен.

    „Хаваријата која се случи изминативе денови во РЕК ‘Битола’ е вистинската слика за раководењето на СДСМ и ДУИ со енергетскиот систем во државата. Состојбата е резултат на интензивни врнежи со кратки траења кои паднале во оквир на контурите на површинскиот коп. Во рударската документација се пропишува начинот на заштита на рудникот од површински води. За таа намена се предвидени заштитни ободни-одводни канали, етажни канали и водособирници и вклучувајќи го централниот водособирик чија примарна цел е зафаќањето на атмосферските води. Доколку кадарот бил свесен за влијанието на интензивните врнежи и што од нив би можело да настане не би се однесувале вака комотно при експлоатацијата на јагленот. Нестучниот, непрофесионалниот и несовесниот пристап кон професијата резултира со ваков тип на појави, а цената на нивно санирање ќе биде на товар на крајниот потрошувач на електрична енергија- граѓаните“, се наведува вп реакција на опозициската партија. 

    НАЈНОВИ ВЕСТИ