сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Сметките за струја би се зголемиле за најмалку 10 проценти од следниот месец поради малверзациите коишто ги правеле дел од општините

    Сметките за струја би се зголемиле за најмалку 10 проценти од следниот месец поради малверзациите коишто ги правеле дел од општините, велат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски објасни дека за да ги скусат трошоците за електрична енергија, некои општини формирале јавни претпријатија преку кои обезбедувале струја за јавно осветлување по цена за домаќинства и за само четири месеци, оптоварувајќи го системот, на ЕВН им направиле долг од 30 милиони евра. Регулаторна сега бара начин како овој трошок да не падне на товар на граѓаните.

    „Заради некоректен однос на повеќе општини од државата коишто измислуваат јавни комунални претпријатија коишто не ги исполнуваат условите за да одат на слободен пазар за да го намалат трошокот за улично осветлување, направен е тотално непотребен трошок за набавка на електрична енергија од 30 милиони евра….“, изјави Марко Бислимовски и додаде дека очекува наскоро да се објави за кои општини станува збор.

    ЕВН овие 30 милиони ги презентирале пред Регулаторна како трошоци.

    „Тој трошок од 30 милиони евра значи 10 проценти зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните“, рече Марко Бислимовски.

    Освен МЕПСО, останатите енергетски компании веќе ги доставија пресметките на трошоците до регулаторот. Најголемо влијание за тоа колку ќе плаќаат граѓаните зависи каква понуда ќе достави ЕСМ.

    Во меѓувреме, од РКЕ го кројат и новиот тарифник од јули со кои големите потрошувачи ќе плаќаат повеќе.

    Во меѓувреме Регулаторна го крои новиот тарифник со кој цената на струјата во скапа тарифа ќе зависи од потрошувачката. Се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена.

    „Некаде очекувањата се да се движиме од 150 до 250 киловат часови првиот блок само за скапа тарифа, па потоа од 250 до кај 300, 400, па 400 до 500, во тие се последни анализи, бидејќи правиме анализи на постоечката одлука и ги распределуваме блоковите во насока да има што е можно поголемо олеснување кај домаќинствата“ додаде Бислимовски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ