вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Ќе се обновуваат осумте големи хидроелектрани

    Осум хидроелектрани, „Вруток“, „Врбен’, „Равен“, „Тиквеш“, „Шпилје“, „Глобочица“, „Козјак“ и „Света Петка“, ќе бидат дел од проектот за ревитализација најави премиерот Димитар Ковачевски, во обраќањето на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на хидроенергетскиот систем „Вруток“.

    Ковачевски додаде дека покрај обновата на машинскиот дел на овие капацитети, чија инсталирана моќност изнесува околу 85 проценти од моќноста на хидроцентралите во земјава, предвидено е зголемување на капацитетот на акумулацијата „Маврово“. Ова додаде, ќе обезбеди пораст на годишното производство за околу 40 гигават часови.

    Средствата за реализација на овој капитален проект во висина од околу 29 милиони евра, ќе бидат обезбедени од грантови и поволни кредити, како и од средства на ЕСМ.

    Ковачевски зборуваше и за новата фотонапонска електрана „Осломеј“ која, како што рече, ќе произведува чиста домашна енергија и ќе обезбеди околу 2.800 домаќинства.

    Во делот на енергетиката, Ковачевски напомена дека Македонија ќе биде дел од проектот Терминал за течен природен гас во Александрополис во Грција за складирање и гасификација на над 5,5 милијарди кубни метри.

    За изградбата на електраната „Чебрен“, премиерот нагласи дека проектот е во втора фаза и има девет понудувачи.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ