четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕУ пред трилатерален договор со Израел и Египет за снабдување со течен гас

    До летото, ЕУ планира  да склучи трилатерален договор со Израел и Египет за снабдување со течен природен гас, наведува потпретседателот на ЕК на својот блог

     

    ЕУ планира да склучи трилатерален договор со Израел и Египет за снабдување со течен природен гас до летото, како дел од напорите да се стави крај на зависноста од Русија, напиша шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел на својот блог.

    „Што се однесува до диверзификацијата на испораките, Европската комисија и САД веќе се договорија за дополнителни испораки на течен природен гас … Работиме и со Канада за можни испораки на течен природен гас и водород. ЕУ планира до летото да склучи трилатерален договор со Израел и Египет за снабдување со течен природен гас.Јапонија и Кореја веќе пренасочија голем број товари во Европа, а Катар е подготвен да ја олесни размената со азиските земји,“ наведува Борел.

    Земјите од ЕУ сериозно размислуваат да се откажат од руската нафта и гас. Шестиот пакет санкции на ЕУ бара нафтено ембарго, но неколку земји, особено Унгарија, го блокираа неговото усвојување.

    „Во однос на гасоводот, Норвешка веќе ги зголеми своите испораки во Европа, а и Алжир и Азербејџан изразија подготвеност да го сторат тоа. Зголемувањето на капацитетот на Трансјадранскиот гасовод, исто така, ќе го зголеми снабдувањето со гас за ЕУ ​​и Западен Балкан. Земјите во субсахарска Африка, а особено во Западна Африка, како што е Нигерија, Сенегал и Ангола, исто така, нудат неискористен потенцијал“, се нагласува во текст на блогот на Борел.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ