четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Најава пред новото поскапување на струјата: Нема да се „чепка“ евтината тарифа

    Нема да се интервенира во евтината тарифа за електрична енергија, од 22 до 7 часот, туку само во високата тарифа, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

    Колкава ќе биде финалната цена по блокови ќе се знае откако ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на „ЕВН хоум“ за домаќинствата, малите и микропретрајтијата.

    РКЕ: За домаќинствата ќе се воведуваат блок тарифи во зависност од потрошувачката на електрична енергија

    „Регулаторната комисија за енергетика го финализира новиот модел на тарифирање. Сега Владата треба да одлучи во делот на ценаташто ЕСМ ќе ја даде за ‘ЕВН хоум’, како што правиме двапати годишно. Лани одлучивме да биде 41 евро, сега се прават анализите во ЕСМ. Кога ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ‘ЕВН хоум’ за домаќинства и мали и микропретпријтија, тогаш ќе знаеме колкава би била финалната цена по блокови“, информира Бектеши.

    Тој потсети дека на регулираниот пазар, освен домаќинствата, влегуваат и микро и малите компании, со не повеќе од 50 вработени и со приход под два милиона евра во претходната година.

     

    „Но, што направиле одредени фирми, за што е известена УЈП. Отвориле други фирми или го намалиле бројот на вработени за да влезат на регулираниот пазар. За жал, тоа го направиле и одредени општини“, рече министерот за економија.

     

     

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ