среда, мај 18, 2022
spot_img
Повеќе

    Почнува изработката на нов тарифен систем за електрична енергија

    Во процесот ќе се вклучат и професори од Машинскиот факултет и од ФЕИТ, а премиерот Ковачевски изјави дека примената на новиот тарифник, со цел воведување блок-тарифи за струја, треба да стартува од 1 јули

     

    Професори од Машинскиот факултет во Скопје и од Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се вклучат со експертиза за изработка на нов тарифник за струја.

    Ова е заклучокот од работниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги со професори од двата факултета кои ќе партиципираат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија, со цел воведување на блок тарифи. Професорите ќе учествуваат и во анализата потребна за утврдување на опсегот на просечната потрошувачка во одредени блок тарифи.

    Граѓаните кои користат значително поголеми количини на електрична енергија ќе плаќаат реална цена – велат од Регулаторната комисија.

    Цел на реформата на тарифниот систем е да овозможи фер цена за сите потрошувачи и во исто време да поттикне рационално користење на електричната енергија.

    „Како што најавивме, ќе ги вклучиме сите релевантни чинители во реформата на тарифниот систем за електрична енергија. Анализите и податоците кои ќе ги добиеме ќе бидат основа за реформата да биде правична и да гарантира заштита на потрошувачите кои рационално користат електрична енергија“, посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

    Тој рече дека првичните анализи укажуваат дека кај мал број потрошувачи има неекономично трошење на електрична енергија во време на енергетска криза.

    „Освен што има греење на надворешни и внатрешни базени, податоците покажуваат дека 17 домаќинства на годишно ниво трошат 10% од годишната потрошувачка на електричната енергија на домаќинствата. Во оваа реформа посебен акцент ќе се стави на редовното читање на броилата на потрошувачите со цел потрошувачите да бидат соодветно распределени во блок тарифите. Новиот модел, кој ќе биде изработен и врз базата на искуствата од други земји, ќе биде димензиониран максимално да ги заштити потрошувачите со просечна потрошувачка – за нив ќе биде обезбедена пониска цена во однос на другите тарифи. Потрошувачите кои користат енормно поголеми количини на електрична енергија ќе плаќаат реална цена“, изјави Бислимовски.

    Премиерот Димитар Ковачевски изјави денеска, на собраниската седница за пратенички прашања, дека примената на новиот тарифен систем за струја треба да стартува од 1 јули. Според него, со примена на новата методологија ќе се спречат злоупотреби во користењето на електричната енергија.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја