сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Борел: Засега нема договор меѓу членките на ЕУ за целосно ембарго за нафтата и гасот

    Високиот претставник на Унијата вели дека за новиот пакет санкции, како и за можното целосно ембарго на руската нафта ќе се разговара на следниот самит на ЕУ, подоцна следниот месец

     

    Лондонски „Тајмс“, пак, објави дека Европската Унија подготвува „паметни санкции“ за увозот на руска нафта, повикувајќи се на потпретседателот на ЕK Домбровскис

     

    Нема договор меѓу членките на ЕУ за целосно ембарго или за повисоки царини за нафтата и гасот, изјави Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, пренесе Ројтерс.

    – Во моментов не се согласуваме по ова прашање“, изјави Борел за германски „Ди Велт“.

    Тој рече дека за новиот пакет санкции, како и за можното целосно ембарго на руската нафта ќе се разговара на следниот самит на ЕУ, подоцна следниот месец, додавајќи дека не очекува никаква одлука пред тоа.

    Евростат објави дека во 2020 година Русија испорачувала нафта на повеќе од четвртина од европскиот пазар. Извозот на нафта е главниот извор на девизи за Кремљ, а многумина во ЕУ повикаа на апсолутен прекин на увозот на нафта од Русија бидејќи таа во моментов ефикасно ги финансира руските воени напори во Украина.

    Лондонски „Тајмс“, пак, објави дека Европската Унија подготвува „паметни санкции“ за увозот на руска нафта, повикувајќи се на потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис.

    „Кога воведуваме санкции, тоа мора да го направиме на начин што ќе го зголемиме притисокот врз Русија што е можно повеќе и ќе ја минимизираме колатералната штета што ќе ја претрпиме самите“, нагласи Домбровскис.

    Деталите за санкциите се уште не се договорени, но може да вклучуваат постепено укинување на увозот на руска нафта или воведување царини за извоз над одредена сума, наведува „Тајмс“, врз основа на изјавата на потпретседателот на ЕК.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ