среда, мај 18, 2022
spot_img
Повеќе

    Дизелот поевтинува за два, а бензините за денар по литар

    Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се намалува за два денара за литар, а бензините поевтинуваат за денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,4 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82 денара за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 78,5 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 1,127 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 51,535 денари.

    Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 1,34 отсто и кај дизелот за 2,582 отсто, како и за 0,707 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја