четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Ковачевски: Започната е енергетската трансформација со која се обезбедува чиста енергија и енергетска независност

    Целта е Република Северна Македонија загадувачките производители на електрична енергија да ги замени со обновливи извори на електрична енергија, а тоа го правиме преку инвестиции во капацитети кои ќе произведуваат чиста и зелена енергија, како овој на локацијата на поранешниот рудник Осломеј. Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, за тоа каков е планот на Владата за инвестирање во енергетиката согласно Зелената агенда на ЕУ и во услови на светска криза.
    „Вие знаете дека донесовме одлука и за влегување како држава во проектот во Александруполис кој што проект е меѓународен проект во Р. Грција заедно со Р. Бугарија и Република Северна Македонија, таму веќе имаме донесено одлука за закуп на количини на ЛНГ кои што преку интерконекторот кој што исто така е во изградба преку Грција до нашата држава ќе се транспортира тој гас“, рече премиерот Ковачевски.
    Претседателот на Владата посочи дека, дополнително се работи за уште една конекција со Р. Бугарија за природен гас која што ќе овозможи доволни количини на природен гас во државата за да може исто така да се влезе и во инвестиции на гасни централи. За ова веќе има интерес од странски инвеститори, но и ЕСМ работи на проект, односно на студии кои што ќе овозможат дел од капацитетите кои што ги има за производство на електрична енергија да бидат трансформирани во производство на електрична енергија на база на природен гас.
    Премиерот потсети дека освен инвестициите во Осломеј, преговори се водат со германскиот ВПД, еден од најголемите светски производители на електрична енергија од ветер и со АКИ од Франција еден од најголемите исто така светски производители на сончева енергија за конкретни проекти кои што се со големина од 900 мегавати.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ