петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Нема рестрикции, намалено производство или проблем со снабдувањето: Ковачевски смета дека добро се менаџира кризата

    Директорот на ЕСМ вели дека, во случај да има ново поскапување на струјата, тој очекува повторно да биде најмало во регионот

     

    Ние сме една од ретките држави во Југоисточна Европа која нема ниту еден ден рестрикција, намалено производство или проблем со снабдувањето, а и поскапувањето на струјата е најмало во регионот, рече вечерва генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, во гостување на Сител.

    Тешко е, рече Ковачевски, да се менаџира ситуацијата во криза која дополнително е обременета и со руско-украинскиот конфликт, но ЕСМ, со поддршка на Владата, засега успева во тоа.

    „Јас очекувам, со вакво производство, зголемено, сигурно и стабилно, како и со намалено купување електрична енергија, дека цената повторно ќе биде со најмало зголемување, не во државата, туку во регионот“,одговори Ковачевски, на прашање дали граѓаните можат да очекуваат поскапување на струјата.

    Во ноември и декември, кога беа клучните удари од кризата, биле набавени 108 000 мегаватчасови електрична енергија за 29 579 000 евра, а во јануари и февруари 18 240 мегават часови за 4,851 милиони евра. Овие средства, како што истакна Ковачевски, се исплатени со финансиската поддршка од Владата.

    „Планот за произвоство во 2022 година е 20 отсто поголем од 2021 и засега, во првите три месеци, добро го исполнуваме. Притоа, не ги оставаме настрана и инвестиците. Во тек се 12 проекти, а кога дојдов на позицијата директор ЕСМ имаше нула проекти. Овие инвестиции што ги реализираме и што се во план, треба да ја подобрат енергетската состојба и тогаш можеме да зборуваме за реални цени на електричната енергија“, нагласи Ковачевски.

    На прашањето за финансиската поддршка што и беше дадена на ЕСМ, директорот одговори дека тие 233 милиони денари биле позајмица за стабилизирање на финансиската ликвидност. Расположливите, пак, 174 милиони евра, се наменети, рече, за дополнителните шест продукти за кои компанијата е задолжена од Владата.

    Во 2020 година ЕСМ забележала 17 милиони евра загуба, а лани 28 милиони евра, но тие, потенцира Ковачевски, не се поради лошо менаџирање.

    „Во тие загуби ЕСМ не учествува поради своето производство, туку поради пониската цена кон ЕВН Хоум, ЕЛЕМ и МЕПСО. Тие се загуби кои потоа Владата ги покрива зашто се настанати согласно нејзини одлуки, а не поради наше лошо менаџирање“, објасни Ковачевски

    НАЈНОВИ ВЕСТИ