сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Горивата поскапеа за 3 денари

    Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемени за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.03.2022 година.

    Согласно одлуката, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,571 ден/кг и сега ќе изнесува 55,163 ден/кг. 

    Од 25.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

    – Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 95                      82,00            (денари/литар)

    – Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 98                      84,00            (денари/литар)

    – Дизел гориво                    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                84,00            (денари/литар)

    – Масло за горење              Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                   81,00            (денари/литар)

    – Мазут М-1 НС                                                                            55,163    (денари/килограм)

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 2,944 отсто, кај дизелот за 5,650 отсто, кај екстра лесното масло за 5,694 отсто и кај мазутот за 3,588 отсто.

    Од РКЕ велат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,059 проценти.

    Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.3.2022 година и потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ