вторник, април 16, 2024
spot_img
Повеќе

    РКЕ донесе нова одлука за цените на нафтените деривати

    Од Владата информираа денеска дека цените на енергенсите на нафта и нафтени деривати на светските берзи се менуваат на дневна основа, но со одлуките во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ се спречува ценовен шок

     

    Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги (РКЕ) ги коригира и денеска цените на нафтените деривати кои, во просек, ќе бидат пониски за 0,5 проценти во споредба со цените што беа утврдени вчера. 

    Од полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм).

    Од РКЕ посочуваат дека ова се максимални цени. Трговците на големо и трговците на мало можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

    Со најновата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се намалени во просек за 0,50 проценти.

    Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

    Како што соопштија од РКЕ, мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува 53,159 ден/кг.

    Од Владата информираа денеска дека цените на енергенсите на нафта и нафтени деривати на светските берзи се менуваат на дневна основа, но со одлуките во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ се спречува ценовен шок.

    „Владата, во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенси, донесе сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување  ценовен шок. Како резултат на сите преземени мерки, донесени во консултација со сите релевантни општествени чинители, имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. РКЕ ја следи состојбата на дневна основа и цената се определува врз основа на методологија што е пропишана, во однос на цената на нафтата и нафтените деривати“, се наведува во владиното соопштение.

    Промените на цената на енергенсите на светските берзи на дневна основа, велат од Владата, се резултат на светските случувања, пред сé воената агресија врз Украина, што влијае исклучително негативно и со далекусежни последици не само врз цената на енергенсите, туку и на цената на храната и останатите основни суровини.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ