Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 81 денар
Цената на дизелот се намалува за три денари по литар од полноќ, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Бензините остануваат со исти цени, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика.
Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 81 денар за литар. Цените на бензините остануваат исти што значи дека Еуросупер БС-95 и понатаму ќе има цена од 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 цена од 88,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,615 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,299 ден/кг.
Со ова, се врши намалување на намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 проценти во однос на одлуката донесена на 14 март.
Со последните измени на правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката РКЕ го зема просект од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.