четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Дизелот повторно поскапува, за прв пат поскап од бензините

    Нафтените деривати од ноќеска на полноќ поскапеа во просек за 1,67 отсто, соопшти вечерва Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и остануват 93 и 95 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за три денари и изнесува 97 денари.

    Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,5 денари и изнесува 92,50 денари, а на Мазутот се зголемува за 1,404 денари и изнесува 60,569 денари за килограм.

    -Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, наведува РКЕ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ