петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Мора да инвестираме во обновливи извори на енергија, порача Ковачевски од Лондон

    Тоа е патот по кој треба одиме – трансформација на енергијата, диверзификација на енергијата бидејќи сега сме целосно зависни од рускиот гас, изјави македонскиот премиер на Инвестицискиот самит на Западен Балкан

     

    Еврокомесарот Оливер Вархеји, говорејќи на самитот, најави помош за зе,јите од Западен Балкан да ги надминат проблемите со енергетската криза и снабдувањето со енергенси

     

    Прво мораме да инвестираме во обновливи извори на енергија, но потребно е и урамнотежување на енергијата. Ова е тема за која што треба да се дискутира регионално,  рече премиерот Димитар Ковачевски, на денешниот Инвестициски самит на Западен Балкан во Лондон.

    Тој истакна дека е клучно тоа што Северна Македонија започна со трансформација на енергијата и во моментов се одививаат бројни проекти од таа област, од кои повеќето се финансирани од приватни инвеститори.

    „Веќе ги трансформираме сите рудници на лигнит во соларни постројки, а влеговме и во втора фаза на еден голем хидропроект ‘Чебрен’,  за што веќе имаме заинтересирани инвеститори кои сакаат да прејдат во втората фаза, бидејќи ова е историски проект во земјата. Ќе се произведуваат половина гигавати електрична енергија, а вршиме и трансформација на нашите постројки на мазут кои произведуваат електрична енергија“, рече Ковачевски.

    Тој посочи и дека се почнати и измени во домашното законодавство за подобро спроведување на соларни системи за мали фирми и за домаќинствата бидејќи соларната изолација – изложеноста е речиси најголемата во светот и треба да има можност сите домаќинства да инвестираат,  да можат да се поврзат со мрежата и да вршат размена со дистрибутерите на електрична енергија.

    „Тоа е патот по кој треба одиме. Значи, трансформација на енергијата, диверзификација на енергијата бидејќи сега сме целосно зависни од рускиот гас, а како што сите видовме Северна Македонија е целосно усогласена со активностите на ЕУ поврзани со руската агресија на Украина и му даваме поддршка на украинскиот народ уште од самиот почеток, а ќе го правиме тоа и во иднина“, истакна Ковачевски.

    Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, говорејќи на самитот, најави дека во следните неколку години во земјите од Западен Балкан се планира да се вложат околу 30 милијарди евра, што, како што рече, е повеќе од една третина од вкупниот годишен буџет на шесте земји.

    „Ќе им помогнеме да ги надминат проблемите со енергетската криза и снабдувањето со енергенси и со тоа ќе овозможиме младите да останат во регионот. Нашиот план за инвестиции е за развој на регионот на Западен Балкан, а без регионална соработка тоа не може да се постигне. Најважна е регионалната соработка. Западен Балкан природно и припаѓа на Европа и ќе помогнеме колку што можеме за што побрзо тоа да стане реалност“, вети Вархеји

    НАЈНОВИ ВЕСТИ