сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Голем скок на цените на нафтата по ескалацијата на руско-украинската криза

    Цените денеска надминаа 99 долари, подгревајќи ги стравувањата дека конфликтот може да го ннаруши синџирот на снабдување со нафта ширум светот

     

    Ескалацијата на руско-украинскиот конфликт предизвика голем скок на цената на суровата нафта на светските берзи.

    Стравувањата дека украинско-руската криза може да го наруши синџирот на снабдување со нафта ширум светот го предизвикаа ценовниот шок.

    Цените на нафтата денеска надминаа 99 долари, на почетокот на трговијата на лондонскиот пазар, а откако Русија донесе одлука за признавање на двата проруски региони во источна Украина.

    На почетокот на тргувањето во Лондон, цената на барелот скокна за 3,71 долари во однос на претходното затворање, на 99,1 долари. На американскиот пазар со барел во е-трговија се тргуваше по 4,41 долари повисока цена, 95,72 долари.

    Русија во понеделникот ги призна Доњецк и Луганск и испрати своите сили во двата  сепаратистички  региони кои прогласија независност во 2014 година.

    Западот и се закани на Москва со санкции во случај на напад врз Украина, а пазарите стравуваат дека санкциите може да ја опфатат и руската нафта.

    Русија е најголемиот извозник на нафта во светот, по Саудиска Арабија, и најголем производител на природен гас, јави Би-би-си.

    „Украинско-рускиот конфликт би можел да има значајни импликации за цената на нафтата, изјави за Би-би-си Сју Трин, директор за макростратегија во Manulife Investment Management.

    Тој предупреди дека санкциите што ќе ја принудат Русија да испорачува помалку нафта или природен гас „ќе имаат силно влијание врз светската економија“.

    „Северен поток 2“ под германско ембарго

    НАЈНОВИ ВЕСТИ