петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Енергетската криза досега ја чини државата 170 милиони евра

    Министерот за економија Крешник Бектеши инфомираше дека од државниот буџет на ЕСМ им се префрлени 120 милиони евра за справување со кризите со струјата и парното, а со последната одлука на Влада дополнително ќе добијат уште 47 милиони евра..

    170 милиони евра досега не чини енергетската криза. Министерот за економија Крешник Бектеши инфомираше дека од државниот буџет на ЕСМ им се префрлени 120 милиони евра за справување со кризите со струјата и парното, а со последната одлука на Влада дополнително ќе добијат уште 47 милиони евра.. Со овие пари државните електрани треба да купуваат струја, јаглен и да се покријат загубите на МЕПСО.

    „Ние даваме за да се подобри ликвидноста, а ЕСМ во дел на загуби на МЕПСО има приходи и во дел на управување со топлинската енергија има приходи. Кога ќе заврши кризна состојба кон крај на март или средина на април ќе се направи баланс од средствата кои треба да се вратат во ЕСМ од тоа што ние сме трансферирале од буџетот.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

    Последната одлука на Владата со која се овозможи ЕВН фактурите за купена струја од ЕСМ да ги подмирува со одложено плаќање, го отвори прашањето дали и на граѓаните ќе им се овозможи сметките за струја да ги плаќаат со грејс период од 6 месеци. Бектеши објаснува дека за таква можност државата не може да интервенира.

    „Такви одлуки согласно објавата на одлуката за прогласување на кризна состојба не се превидени во Уредбата и во законот за енергетика. Тие се билатерални договори кои ги прават потрошувачите со ЕВН или со други трговци на електрична енергија ако се на слободен пазар. Најважно е дека ние направивме големи напори за сметките посебно за домаќинствата и малите потрошувачи да не бидат поголеми од 9,5%, ако ги споредиме со претходните 6 месеци.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

    Ако кризата со електричната енергија се пролонгира, Бектеши инфомираше дека можно е ДДВ-то за струјата на домаќинствата да остане 5%.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ