петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Поголем дел од Скопје остана без струја, дефект во трафостаницата во Пинтија

    Пожар во Пинтија

    Поголем дел од Скопје доцна попладнево остана без електрична енергија. Струја немаше од околу 17.20 до 18 часот во Аеродром, Центар, Тафталиџе, Дебар Маало, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и други населби.

    Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО.

    На местото се противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгасната огнот, како и припадници на полицијата.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ