петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимовски најавува помош за компаниите на слободниот пазар кои имаат потешкотии во набавка на струјаа

    РКЕ беше и ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор, рече Марко Бислимовски пред собраниската Комисија за економски прашања, на која се разгледува финансискиот план на РКЕ за 2022 година

     

    Во текот на следната недела ќе објавиме предлог како да им се помогне на компаниите кои се на слободен пазар, а имаат потешкотии во набавка на електрична енергија, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски, на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања на која втор ден се разгледува финансискиот план на РКЕ за 2022 година.

    „Намалувањето на ДДВ-то, проширувањето на листата на ранливи категории се дел од иницијативите кои се реализраа со цел заштита на домаќинставата и да им се помогне на оние кои најмногу им е потребно. РКЕ беше и ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор. Со последната одлука ги тргнавме повластените производители на обновливи извори на енергија да не бидат на товар на домаќинставата во сметките и загарантиравме целосна енергија само од ЕСМ од 41  евро за мегават час, додека на слободниот пазар е во просек 250 евра. Паралелно токму овие повластени производители ги ставивме на слободниот пазарот и ослободивме околу 237 гигават часови електрична енергија кон стопанството, со што се направи заштеда oд околу 36 милиони евра“, рече Бислимоски.

    Во Предлог – финансискиот план на РКЕ за 2022 година ставката приходи и расходи е проектирана на околу 91,7 милиони денари, додека предлогот за процентот на зафаќање од енергетските компании за финансирање на работата на РКЕ е 0,0522 отсто и е помал од законски утврдениот максимум од 0,1 проценти.

    Приходи и расходи од околу 91,7 милиони денари предвидува РКЕ во финансискиот план за 2022 година

    Членовите на собраниската Комисија од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на зголемена ставка за интелектуални и другу услуги во предлог-финансискиот план на РКЕ, која е зголемена за 17,34 отсто. Бислимоски појасни дека се коростат консултантски услуги од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и од Машинскиот факултет од Скопје.

    -Станува збор за најреномирани образовни институции кои се користат за советодавни, технички и стручни консултации од областите кои се регулираат, се со цел да има поквалитени решенија, а во дел од тимовите се и лица кои се советници во ВМРО-ДПМНЕ и во нивните комисии. Ние немаме комплекс, сакаме со сите стручни лица да дискутираме се цел да изнајдеме најдобри решенија за граѓаните“, потенцира Бислимоски.

    ВМРО-ДПМНЕ со критика за финанскискиот план на РКЕ: Да си го сменат името во комисија за поскапувања

    НАЈНОВИ ВЕСТИ