петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ со критика за финанскискиот план на РКЕ: Да си го сменат името во комисија за поскапувања

    Најмногу пари досега што ќе ги земе од енергетските компании, речиси 91 милион денари или 5 500 дневно за функционирање на оваа институција, во која платите на членовите се речиси 150 илјади денари месечно, соопшти денеска пратеничката група на опозициската партија, коментирајќи го финансискиот план на РКЕ за оваа година

     

    Каков финансиски план нуди Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 2022 година? Најмногу пари досега што ќе ги земе од енергетските компании, речиси 91 милион денари или 5 500 дневно за функционирање на оваа институција, во која платите на членовите се речиси 150 илјади денари месечно, реагира денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, коментирајќи за финансискиот план за оваа година што РКЕ го достави до Собранието.

    „Со овие пари ќе плаќаат 33 отсто поскапа струја, со што самата институција задолжена за регулирање на овој пазар признава дека државата е во тешка криза. нелогичности во финансискиот план за 2022 година на РКЕЧетири милиони денари за службени патувања во услови кога најголемиот број состаноци се одржуваат онлајн, по 5 400 евра месечно за авторски хонорари и консултатски услуги при 50 вработени во оваа институција, за кафиња ќе се трошат по 80 – тина евра дневно и бројни други “, наброи Стојаноски.

    Тој посочува дека струјата поскапе од 1 јануари, додека за горивата вели дека сме  сведоци дека секој понеделник чекаме колкаво ќе биде покачувањето или, пак, кога цената на нафтата е пониска на светските берзи власта ја зголемува акцизата. Цената на парното, вели, се покачи за 15отсто, но корисниците на оваа услуга велат дека радијаторите им се ладни како никогаш досега.

    „Регулаторната комисија за енергетика, откако е на власт двоецот СДСМ – ДУИ комотно може да го смени своето име во Комисија за поскапувања“, рече Стојаноски.

    Тој обвини дека членовите и претседателот на РКЕ се партиски членови на СДСМ и на ДУИ,  кои, како што оценува, бранејќи ги криминалите на врхушките во ЕЛЕМ и во МЕПСО одлучиле цената да ја платат граѓаните.

    „Во надлежност на оваа комисија е следење на состојбите и функционирањето на пазарите на енергија, а сведоци сме како месеци наназад истите луѓе од РКЕ не убедуваа дека нема да има покачувања на цената на струјата, дека државата ќе обезбеди струја, дека ќе жителите на Скопје нема да имаат проблеми со парното и ред други лаги кои сега сите ние ги осеќаме по џебот. Комисијата за поскапувања нема кредибилитет и знаење за да не извади од оваа енергетска криза во која не втурна. Луѓето кои ја создадоа кризата, не можат да се претставуваат како решение. Потребни се промени пред да влеземе во уште поголеми проблеми“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција во Собранието.

    Приходи и расходи од околу 91,7 милиони денари предвидува РКЕ во финансискиот план за 2022 година

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ