вторник, април 16, 2024
spot_img
Повеќе

    Затворање на РЕК „Битола“ и на ТЕЦ „Осломеј“ до 2030 година најавува Нуредини

    Идеја ни е да имаме повеќе обновливи извори на енергија и да вложуваме во соларни панели и ветерни електрани, а многу важно за државата и за независност во енергетиката е да се изгради и хидроелектраната „Чебрен“, вели министерот за животна средина

     

    Затворање на термоелектраните на јаглен најдоцна до 2030 година и поголеми вложувања во обновливи извори на енергија, со цел подобрување на квалитетот на воздух, најавува министерот за животна средина, Насер Нуредини.

    Тоа, според него, заедно со промена на начинот на греење во домаќинствата ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните.

    „Уште откако станав министер за животна средина зборуваме за менување на начинот на греење и производство на енергија во нашата држава. Сите сме свесни дека 65 отсто од енергијата се произведува од јаглен во РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Затоа целата наша Стратегија за енергетика е да го менуваме тоа и да инвестираме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, туку и да ги затвориме РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ најдоцна до 2030 година“, вели Нуредини.

    Идеја ни е, посочи Нуредини, да имаме повеќе обновливи извори на енергија и да вложуваме во соларни панели и ветерни електрани, а многу важно за државата и за независност во енергетиката е да се изгради и хидроелектраната „Чебрен“, за да имаме стабилна мрежа.

    ДИЈАЛОГ ЗА ПРАВИЧНА ТРАНЗИЦИЈА КОН ОДРЖЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА – ГОДИШЕН СОСТАНОК НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕГИОНИТЕ СО ЈАГЛЕН

    НАЈНОВИ ВЕСТИ