сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ го презема работењето со топланите од 21 јануари

    Од 21 јануари ЕСМ го презема работењето на БЕГ и Топлифкација Скопје Север потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Ова се предвидува со кризната состојба на пазарот со топлинска енергија која владата ја прогласи вчера.

    – Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да се преземе управувањето со БЕГ. Во пресрет на корисниците ќе излеземе преку ЕСМ, а не преку БЕГ, како што беше претходно најавено, имајќи предвид дека не се вклучија општините и Градот Скопје за да помогнат во оваа ситуација. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата од реалната и постојната цена за корисниците, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

    Колку пари ќе чини оваа криза во снабдувањето со топлинска енергија,  нема точна пресметка. Се ќе зависи од тоа како ќе се движат берзанските цени на гасот.Засега предвидени се 6 милиони евра за покривање на трошоците на снабдувачите со топлиснка енергија.

    Бектеши рече дека калкулациите за неопходните шест милиони евра за надминување на состојбата се направени врз основа на берзанските цени на природниот гас за јануари.

    – Сега ги очекуваме понудите за февруари и март и согласно тие проекции и постојната формула на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и ЕСМ ќе се направат соодветните калкулации, прецизира Бектеши.

    Тој истакна дека долговите што ги прават БЕГ и АД Скопје Север кон АД ТЕ-ТО и Макпетрол за снабдување со гас во изминатите неколку дена заклучно со 21 јануари ќе треба да си ги решат сами приватните компании со меѓусебни договори за одложено плаќање или на некој друг начин.

    Во четврток, потенцира Бектеши , најверојатно ќе има нов договор меѓу ЕСМ, БЕГ и Скопје Север за кој јавноста навремено ќе биде информирана. Најверојатно, додаде тој, од 21 јануари ќе има парно греење до 1:00 часот по полноќ со минимум 20 плус еден степен Целзиусов.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ