четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимовски: Ако не грее БЕГ ќе ја изгуби лиценцата

    Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски изјави дека БЕГ ќе ја изгуби лиценцата тогаш кога ќе престане да испорачува топлинска енергија во Скопје, а одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе ја преземе Владата.

    БЕГ претходно бараше Владата времено да го преземе управувањето со компанијата почнувајќи од утре, па сè до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона, што според Бислимовски би значело друг да им го решава проблемот,а потоа во мај да се вратат „како принцеви на бели коњи“.

    „Предлогот што го понуди БЕГ за Регулаторната комисија е неприфатлив, имајќи предвид дека сите опции што ги понудија и Регулаторната комисија и Владата, БЕГ и ТЕ-ТО ги одбија. Се разбира дека одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе си ја преземе Владата кога веќе БЕГ кажува дека тоа нема да може да го прави од сабота, но затоа Регулаторната комисија ќе им ја одземе лиценцата за работата. Дополнително, нека не очекуваат некој друг да им го реши проблемот за тие во мај да се вратат како принцеви на бели коњи. Сè што треба да преземе државата за да си ги заштити граѓаните, ќе преземе“, изјавил Бислимоски за СДК.МК.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ