четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Не може да се замрзне цената на метанот- ЈСП „Скопје“ дава предлози за цената на метанот, а не ги знае законите, вели Бислимоски

    Регулаторната комисија не може да ја замрзне цената на метанот, тоа е спротивно на Законот на енергетика, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, откако денеска директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски побара Kомисијата да ја замрзне цената на метанот по зголемувањето од 50 на 110 денари за килограм.

    „Регулаторна комисија нема никаква надлежност во регулирање на цената на метанот,односно ЦНТ-то. Цената ма метанот или природниот гас се регулира на пазарот и согласно Законот за енергетика ние не определуваме набавни цени”, вели Бислимоски.

    На метан возат 33 еколошки автобуси кои беа набавени од ман, а цената на метанот од 50 се искачи на повеќе од 100 денари, односно наместо 1 милион евра ќе бидат потребни 2 милиони евра.

    Директорот на ЈСП Скопје, Иван Илиевски денеска  побара и субвенции од Владата.

    Помош од Владата, истакна Илиевски, е единствена опција како ЈСП Скопје во случајов би ги надминало дополнителните енормни трошоци, а имајќи во предвид дека 33 возила го користат гасот како погонско гориво. За Илиевски, еколошкиот момент е побитен од економскиот, па од тие причини не планира да ги „паркира“ еко возилата.

    „Овој ценовен шок дополнително ќе има негативно влијание за и онака нашата лоша финансиска состојба, па од тие причини, автоматски сме принудени да размислуваме какви мерки да преземеме, а тие да не се одразат лошо на квалитетот на јавниот превоз, односно на услугите кои ЈСП Скопје ги нуди на скопјани. Затоа и бараме помош од централната власт. Ќе го следиме развојот на настаните и во зависност од исходот ќе делуваме. Крајна опција, во случај да не ја добиеме бараната помош е редуцирање на возниот ред. Во меѓувреме, можеби ќе побараме и дополнителни наменски субвенции од Град Скопје, односно од Советот кои и досега имаа разбирање за нашата состојба и бескрајно сум им благодарен за целата соработка и поддршка“, додаде Илиевски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ