петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Цената на нафтата падна под 78 долари, поради загриженост за побарувачката

    Водечките производители се подготвуваат да ги зголемат залихите во услови на зголемена загриженост дека омикрон може да ја намали побарувачката во новата година

     

    Под 78 долари паднаа денеска цените на нафтата на меѓународните пазари.

    Водечките производители се подготвуваат да ги зголемат залихите во услови на зголемена загриженост дека нова варијанта на коронавирусот може да ја намали побарувачката во новата година.

    На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 42 центи во однос на претходното затворање, односно на 77,36 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 52 центи пониско, по 74,69 долари.

    На првиот работен ден од новата година, трговците се фокусираа на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници на кој ќе се разговара за производната политика.

    Се очекува ОПЕК + на состанокот закажан за утре да потврди зголемување на понудата од 400.000 барели дневно во февруари, откако техничкиот комитет на групата во извештајот објавен вчера изјавил дека омикрон не би требало значително да влијае на побарувачката на нафта.

    Ширењето на омикрон донесе рекорден број заразени и ги задуши новогодишните прослави ширум светот, а само вчера беа откажани повеќе од 4.000 летови.

    Расположението на пазарот се промени за неколку часа, бидејќи првиот работен ден од новата година, според аналитичарите, започнал оптимистички, поради податоците дека доминантната варијанта на коронавирусот носи помалку сериозни симптоми од претходните соеви.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ