среда, мај 18, 2022
spot_img
Повеќе

    Горивата поскапуваат за 1,5 денар по литар

    Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денар по литар одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 65,5 денари за литар исто како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

    Со одлуката на РКЕ за 0,850 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,21 денар.

    Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за 4,218 отсто и кај дизелот во просек за 3,934 отсто, како и за околу 0,217 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот. 

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја