сабота, октомври 5, 2024
spot_img
Повеќе

    Снабдувачите ќе откупуваат енергија од обновливи извори за 105 евра за мегават час

    Бислимовски рече дека 25 милиони евра се тргнати како трошок од одлуката за новата (повисока) цена на струјата, која ќе почне да се применува од сабота, 1 јануари

     

    Енергијата што е произведена од обновливи извори ќе ја откупуваат снабдувачите по цена од околу 105 евра за мегават час, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, информирајќи за новата и повисока цена на струјата од сабота, 1 јануари.

    Тој рече дека околу 25 милиони евра за обновливи извори се тргнати како трошок во одлуката за цената на електричната енергија.

    „Со тоа даваме сигнал и кај другите потрошувачи во државата кои купуваат енергија на слободниот пазар дека им е обезбедена одредена количина по далеку пониска цена од таа што е моментално на берзите, пред се на берзата во Унгарија. Предвидувањата се дека за јануари ќе имаме имаме околу 280 евра за мегават час. Тие се први 25 милиони евра што се тргнати со цел да не прават притисок врз цената на електричната енергија, во најголем дел за домаќинствата“, рече Бислимовски.

    Најавувајќи ја повисоката цена на струјата за домаќинствата, тој рече и дека е разгледана опцијата за намалување на профитите на компаниите.

    „Профитите се гарантирани согласно со нашата методологија, која е целосно усогласена со европското законодавство. Значи, профитот кај Електродистрибуција и МЕПСО е намален за 90 проценти. Тоа значи дека околу 21 милион евра се тргнати за да не бидат на товар на граѓаните. Исто така, инсистиравме ЕСМ да ги обезбеди 100 проценти од потребите на домаќинствата“, рече Бислимовски.

    Струјата поскапува за 9,48% – се укинува дневната евтина тарифа

    НАЈНОВИ ВЕСТИ